Тридневна временска прогноза (27.05.2021)

Тридневна временска прогноза (27.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  27 – 29 мај 2021 година

Четврток 27.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степени.

Петок 28.05.2021: Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и тоа најизразен Долж Повардарието. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

 

Сабота 29.05.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во западните планински предели. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.