Среда 01.12.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели, додека во западните ќе има услови за повремен локален слаб дожд а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Наутро сеуште ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Од попладневните часови и тоа од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Температурите ќе бидат значително повисоки, особено наутро и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен правец. Попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 12 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде студено со минимална температура која ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 13 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.
Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.