Тридневна временска прогноза (08.12.2021)

Тридневна временска прогноза (08.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 7 – 9 декември 2021 година

Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.  Температурите наутро сеуште ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.  Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа поради јужното воздушно струење, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.