Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува, особено Долж Повардарието. Минималните теператури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 18 степени.
Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон сабота од југозапад ќе се прошират врнежи кој ќе бидат од дожд на ниските и од снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 3 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон сабота се очекуваат повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон сабота ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Среда 14.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови намалување на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.
По ниските температури кои што го карактеризираа минатиот период, временските услови започнуваат со стабилизација. Нема појава на критични моменти кои што можат да го загрозат земјоделското производство. Единствено, минималните температури во утринските часови можат да допринесат кон намалување на приносот кај овошките кои што се во процесот на цветање.