Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од јужен и од југоисточен правец. Сепак локално ќе има и нешто позначителна облачност. Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во текот на денот облачноста полека ќе се зголемува и во западните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степен.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните предели. Температурите и понатаму остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 19 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 19 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 19 степени.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со услови за локален слаб дожд, Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 20 степени.
Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.
Топлата воздушна маса и умерениот ветер на некои места ќе придонесе кон сушење на површинскиот слој од почвата, што ќе создаде оптимални услови за нејзина обработка.