Тридневна временска прогноза (24.05.2021)

Тридневна временска прогноза (24.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  24 – 26 мај 2021 година

Понеделник 24.05.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Особено во текот на ноќта ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Вторник 25.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Поголеми услови за нестабилност ќе има во планинските предели од источната половина на државава. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

 

Среда 26.05.2021: Сончево и топло. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења, поинтензивен пороен дожд и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.