Тридневна временска прогноза (13.05.2021)

Тридневна временска прогноза (13.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  13 – 15 мај 2021 година

Четврток 13.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Петок 14.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

 

Сабота 15.05.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд на повеќе места. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со грмежи, а ќе дува и умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.